Локалната Телевизија Стар вечерва објави снимка од тепачка на Градскиот базен во Штип, снимка која набрзо се прошири на социјалните мрежи.
Новоизградениот Аква парк во Штип беше отворен во јуни пред две години, ресортот се простира на површина од 22 000 м2 и покрај базените и тобоганите, на посетителите им нуди и низа други спортски и културни активности, но она што може да се види на снимката е далеку од било каква култура.
Во коментарите под постот се вели дека влезница изнесува 350 денари, а на базенот нема ниту обезбедување, ниту пак спасувачи.