Расчинетиот српски архимандрит д-р Никодим Богосављевиќ вели дека македонската нација не постои и е создадена од ѓаволот, објави порталот religija.mk.

Во своето видео-обраќање од изминатата недела тој целосно ја негира самобитноста на македонскиот народ и тврди дека Македонците се Срби или Бугари.

Овој поранешен монах од Ваљевската епархија е духовно чедо на покојниот митрополит Амфилохије и долги години служел и во Црна Гора.

Великосрпскиот шовинизам со кој изобилува не е нешто непознато за круговите на СПЦ. Она што зачудува е популарноста која овој човек ја има кај православните во Македонија. Доволно е само да ги отворите дел од црковните фејсбук страници за да ги видите воодушевувањата од него кај македонските „верници“.

Имено, господинот Никодим е експерт на тема последни времиња и сите пропратни теми како 5Г, вакцинација, чипување и секако Антихристот.

Преку неговиот јутјуб канал и во Македонија се шират опасните и трагикомични ставови за рамната земја, некој руски цар-патријарх што ќе го спаси светот и слични небулози.

Погледнете го неговото објаснување како настанале Македонците.