Смртта на Михалис Какурис, навивач на АЕК од Атина, се уште е главна тема во медиумите ширум Европа, а грчкиот портал Скај го објави најновото видео од трагедијата.

Од нов агол може да се види како Кацурис бил мачен ноќта на големата трагедија. Кацурис кој носел сина иачка, се обидел да побегне, но бил пристигнат од противнички хулиган, кој го удрил со палка, а потоа го избодел.

Потоа поголема група противнички фанови го продолжиле нападот. Отишол да се сокрие повреден, но во тој момент веќе толку многу крварел што после тоа само издишал и колабирал.