На денешен ден, 29 ти март 2014 гoдина на 98 годишна возраст починал Борислав Петар Градишки, еден од најголемите борци за македонската национална самостојност.
Бил идеолог на илегалното македонско национално движење „БУНТ“. Бил казнет на 12 години робија во затворот Идризово, од 1945 до 1957 година. Голите факти кажуваат дека тој е еден од најтешките политички затвореници во Македонија, со доделена затворска казна од дваесет години затвор и одлежани дванаесет и е вистинско чудо што воопшто преживеал, земајќи ја во предвид тогашната жестокост што се манифестирала кон дејците за македонската национална самостојност.
Голите факти укажуваат и на тоа дека е вистинско чудо што воопшто преживеал човекот, кој во затворот е избран за претседател на илегалната влада формирана од младите ВМРО-вци во затворот Идризово, земајќи ја предвид тогашната политичка констелација која ги проскрибира и жигосува приврзаниците на идејата за македонската национална самостојност.
Познат и е на македонската јавност како поет и сликар. Збирки песни: „Исповед на еден проколнат поет“ (сонетен венец) и „Мртовечки сон“.