Владислава Галаган е руска бодибилдерка која живее и работи во Прага, а неодамна се најде во центарот на вниманието бидејќи и беа украдени видеата и фотографиите на кои е целосно гола. Почнаа да кружат по социјалните мрежи и на интернет, но убавата бринета и пред тоа редовно беше мета на разни коментари.

Имено, оваа Русинка е исклучително популарна на социјалните мрежи – само на Инстаграм ја следат над 400.000 луѓе, но токму оваа слава ја изложи на бројни осуди и негативни коментари и критики.

Владислава е многу убава девојка со нежни црти на лицето, па малкумина очекуваат од неа да има физички изглед кој може да одговара на посилниот пол. Таа е страсна за бодибилдинг, а тоа даде резултати – има огромни бицепси, челични стомачни мускули, широки раменици, истакнати мускули на нозете…

Поради својата специфична градба, таа дури го доби и прекарот женски Хулк, а додека многумина се импресионирани од нејзината фигура, други веруваат дека таа едноставно претерала и ја „убива“ својата женственост.

„Не разбирам како некој со здрав ум би си го направил ова“, „Убава девојка, барем додека не го видиш нејзиното тело“, „Зошто реши да станеш маж“, „Ова е навистина премногу“ , „Срамота што толку убава жена избра да личи на маж“, „Лице на ангел, тело на ѓавол“, се само дел од коментарите на нејзината сметка. Секако, има и многу кои тврдат дека таа е „најзгодната жена“.

Владислава секако не обрнува внимание на навредите и забелешките, а често позира во кратки и тесни фустани и воопшто не се откажува од својата женствена страна. Напротив, сака да го истакнува тоа!

Што мислите за изгледот на Владислава – дали претерува?

📸

📸

📸

📸

📸

📸