СТАТИЈАТА ПОЧНУВА ВЕДНАШ ПОД РЕКЛАМИТЕ!

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА! НАШИОТ ПОРТАЛ ЗА МЕСЕЦ ЈУНИ ВИ НУДИ СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА ЗА БАНЕР РЕКЛАМИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА 50% ПОПУСТ! ИСКОРИСТЕТЕ ЈА МОЖНОСТА И ДАЈТЕ МУ КРИЛЈА НА ВАШИОТ БИЗНИС

СО САМО ЕДЕН КЛИК И ЛАЈК НА НАШАТА ОФИЦИЈАЛНА СТРАНИЦА МОЖЕ ДА ГИ СЛЕДИТЕ НАЈНОВИТЕ И НАЈБРЗИ ВЕСТИ ОД МАКЕДОНИЈА, БАЛКАНОТ И СВЕТОТ! БИДЕТЕ ПРВИ ИНФОРМИРАНИ СО САМО ЕДЕН КЛИК!

Драконска казна доколку ве фатат како МОКРИТЕ во море!

Шпанија се смета за една од најпопуларните туристички дестинации, особено во лето. Позната и како земја на сонцето, неодамна нѐ изненади со одредени „закони“, а еден од нив сега важи и за туристите кои сакаат да се релаксираат на плажа.

Имено, градот Виго на северозападниот брег на Шпанија, се наоѓа на само 35 километри од Португалија и затоа е прифатлива дестинација за одмор за многумина во оваа земја. Сепак, тој сега воведе правила кои можеби нема да им се допаднат на оние кои планирале да го посетат.

Градскиот совет на Виго донесе закон со кој се забранува вршењето мала нужда во море или на плажа, а секој што ќе ја прекрши забраната ќе биде казнет со парична казна од 750 евра.

Според новите правила, јавното мокрење на плажите е прогласено за „прекршување на хигиенските и санитарните прописи“ и иако не објаснија како планираат да ги следат капачите и туристите на локалните плажи, тие посочија дека ќе постават јавни тоалети како уште една мерка за борба против овој проблем.

Но, тоа не е единственото нешто што туристите нема да имаат можност да го прават на плажите. Со истиот потег, советот на Виго забрани употреба на сапун и шампон во морето, како и миење садови во морска вода.