Ова се класични потези на очај на режимот во паѓање. Ова е хунта, се работи за обид за притисок врз моите родители на денот на гласањето за недоверба на оваа влада, вели во изјавата за МКД.мк пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Јован Јаулески од Струга. Рано утрово во домот на неговите родители влегоа четворица припадници на финансиската полиција и извршија претрес.

Јаулески утрово бил во Скопје во станот на неговите родители за денешното гласање во Собранието, но утрово во 5,20 часот биле разбудени од четворица припадници на финансиската полиција.

„Покажаа налог од Основен суд, извршија претрес, му го земаа мобилниот, рекоа дека се работи за предистрага, направија некои записници и си заминаа. Татко ми работи во ЕВН. Ова не е случајно. Ова е очигледен обид за вршење притисок врз мене пред денешното гласање. Ова го нема ни во најлошите режими, како да сме Северна Кореја. За што и да е, не се прави тоа така“, ни изјави Јаулески.