Во неделата околу пладне во загрепската населба Ференшчица се запали гаража до помала зграда. Повредени нема, а на терен излегоа и пиротехничари за да ги проверат тврдењата на сопственикот за присуство на експлозив.

Останатите детали ќе бидат познати по завршување на полициската истрага. Очевидци кои испратија видео и фото-материјал до хрватските медиуми тврдат дека најпрво од гаражата се слушнала силна експлозија, по што околу зградата почнал да се шири пожар и чад.

– Исто така, подоцна неофицијално дознавме дека во гаражата имало куршуми, нагазни мини и бомба. На терен излегле четири противпожарни возила, а пожарот набрзо бил изгаснат, објави 24сата.хр.

На крајот од интервенцијата, загрепските пожарникари преку објава на Фејсбук потврдија дека во гаражата имало експлозивни направи, бомба, куршуми и нагазни мини.

– Сигурни сме дека Полицијата и ДОРХ ќе поведат соодветна кривична постапка, а дополнително го пријавивме и неодговорниот сопственик. Ги потсетуваме граѓаните дека кампањата „Помалку оружје – помалку трагедии“ што ја спроведува Министерството за внатрешни работи е во тек и дека граѓаните допрва ќе можат да го предадат забранетото оружје или оружјето што го поседуваат без дозвола, велат оттаму.

📸

📸

📸

📸

📸

📸