Тринаесетгодишно девојче од областа Фејер во Унгарија, била силувана од нејзиниот татко, брат и семеен пријател.

Според информациите на Основното обвинителство во Ѓер, детето сè и пријавило на мајката, која не презела ништо, објави унгарскиот портал 24.hu.

Мајката на девојчето е приведена поради загрозување малолетник и и е изречена условна затворска казна, додека таткото доби петгодишна затворска казна за сексуална злоупотреба, јавуваат медиумите.

Братот на девојчето е осуден на девет години затвор за кривично дело сексуално насилство, а семеен пријател е осуден на 13 години затвор.

На осудените лица им било трајно забрането да се занимаваат со било какво занимање во кое би можеле да дојдат во контакт со лице помладо од осумнаесет години, а на таткото му било одземено родителското право врз другите две малолетни ќерки.