Полицијата во Ниш добила дојава дека 12-годишно девојче склучило брачна заедница во тој град и велат дека почнале да работат на случајот, пишува Јужни вести.
Посочуваат дека нивната работа е во почетна фаза и дека во моментов работат на собирање на сите потребни и релевантни информации кои ќе им бидат важни.
Осврнувајќи се на почитувањето и заштитата на основните човекови права, социологот и професорот на Филозофскиот факултет во Ниш, како и активистката Ана Саќиповиќ, се согласуваат дека одличен почеток би бил да се изменат членовите од Законот за семејство и да се укине можноста за било кое лице да стапи во брај пред да наполни 18 години.
Според статистичките податоци од 2022 година, 143 деца влегле во брачната заедница на возраст од 16 и 17 години, додека 60 деца биле на возраст под 15 години, што, според социологот и активист, претставува зголемување од 17 отсто на евидентираните бракови на млади лица на возраст под 18 години споредено со 2020 и 2021 година.