Седумнаесет лица се во притвор. Од сношти во притвор е човекот кој ставил потпис на проектот, според кој, дискотеката ги исполнува сите потребни услови за лиценца за работа. Се сомничи за тешки дела против општата сигурност.

Вечерва истекуваат 48-те часа краткотраен притвор за дел од осомничените. Според законските прописи, обвинителството може да бара уште еден од 48 часа, а потоа мора да биде одреден 30-дневен притвор.