Вечерва на автопатот Гостивар – Тетово се запали возило, објави телевизија 21.

Пожарот веднаш го зафатил целиот автомобил кој изгорел, а на местото на настанот пристигнаа и полицијата и противпожарната бригада кои го локализираа пожарот.

Сообраќајот за момент беше во прекин, односно додека интервенираа пожарникарите.

Засега нема информации за повредени лица.