Страшна сообраќајна незгода се случила утрово во близина на Славонски Брод, Хрватска.

Автобус со македонски таблички на автопатот А3, излета од патот, а загинаа три лица, додека десетмина се повредени, јавуваат хрватските медиуми.

Полицијата дојавата ја добила околу 6:20 часот. Несреќата се случила во близина на наплатната рампа.

Полицијата врши увид, додека патниот правец бил затворен, а возилата се насочуваат по алтернативни правци.