Мал авион со девет патници се урна денеска при полетувањето кај Оребро во Шведска, при што загинале повеќе луѓе, соопшти полицијата.
„Ова е падобрански авион кој се урна по полетувањето“, изјави за агенцијата ТТ, Емил Густавсон, водачот на спасувачите во Заедничкиот координативен центар за спасување.
Неколку лица загинаа во несреќата, соопшти шведската полиција на нивната веб-страница.
„Тоа е многу сериозна несреќа … загинаа неколку лица“, напишала полицијата.
Авионот паднал во близина на аеродромот во Оребро, јавуваат шведските медиуми.