Припадниците на косовската полиција упаднале во една од градските аптеки, каде што ги проверувале царинските документи, по што граѓани од српска националност излегле на улиците да го изразат своето незадоволство од споредената акција
Во северниот дел на Косовска Митровица во тек е акција на косовската полиција, која користи шок-бомби и солзавец, а неколку стотици граѓани блокираа неколку улици во градот и се слушаат сирени за тревога, пренесува „Косово онлајн“.
Според неофицијални информации, слична акција се случува во Звечан.
Ранет Србин во Косовска Митровица
Според последните информации, Србин бил застрелан во Звечан, и во моментов се наоѓа во тешка состојба.
– Повредата беше нанесена од огнено оружје, тој беше застрелан во пределот на градниот кош. Неговото рамо и реброто беа повредени, ние се подготвуваме за операционата сала за да го отстраниме куршумот. Тој е на интензивна нега и е во сериозна состојба, рече хирург на КБЦ Косовска Митровица.
Како што дознава Косово онлајн, повредениот бил застрелан во грбот. Во меѓувреме, припадниците на косовската полиција почнаа да се повлекуваат од Звежан, а на пат беа забележливи чаури направени од боева муниција.
Припадниците на косовската полиција, според информациите, упаднале во една од градските аптеки каде што ги проверувале царинските документи.
Потоа граѓаните се собраа на протест, изразувајќи незадоволство од акцијата, а ситуацијата ескалираше кога косовската полиција почна да фрла шок-бомби и солзавец.
Операции против шверцери во Приштина, Пеќ, Јужна и Северна Митровица
Косовската полиција издаде соопштение во кое се наведува дека се спроведуваат полициски операции во раните утрински часови, со цел да се реализираат стратегиските цели за спречувањето на криминалните дејствија, особено во борбата против шверцувањето стока.
Според соопштението, акцијата се спроведува во регионот на Приштина, Пеќ, Јужна и Северна Митровица, пренесува „Косово онлајн“.
„Сите полициски операции се спроведуваат во координација со надлежните обвинителства и судови и се однесуваат на проверки и претреси на различни локации како што се куќи, станбени, деловни простории, магацини. Како резултат на интензивни акции и професионални дејствија на косовската полиција и царината, запленета е разновидна стока како доказ“, се вели во соопштението.
Од косовската полиција, исто така, изјавија дека во соработка и координација со надлежните органи, ќе продолжат да ги спроведуваат своите должности и одговорности на национално ниво, со цел да спречат криминални активности, да спречат шверц на стоки и да уништат криминални групи.
„Упади во магацини, продавници, аптеките не работат, тие ја спроведуваат акцијата сами и без консултации и подготовки со полицијата во северниот дел на Митровица“, велат очевидци за РТС.
Се наведува дека полициски инспектори во цивилна облека, придружувани од вооружена полиција, пристигнале во северниот дел од јужниот дел на Митровица.
Според порталот, полициските акции се во тек на неколку места на северот, во близина на Северна Митровица и во Звечан, но засега нема потврда дали се ангажирани и членови на РОСУ.
Минатиот месец имаше тензии и на косовско-српската граница, по што претставници на двете држави се договорија во Брисел за отстранување на блокадите на границата.