СДСМ, ДУИ и сите други владејачки партнери, без Беса, предмалку во владата одржаа последна координација пред утрешната седница за гласање на недоверба на владата иницирана од опозицијата.
-На координацијата беше заклучено дека продемократските сили ќе остварат победа над структурите што се за закочување на процесите и за преиспитување и ревизија на клучните договори – велат за Фокус владини извори.
Според нашите сознанија, владините партнери планираат утре воопшто да не присуствуваат на седницата, верувајќи дека спротивниот табор нема да има ниту кворум за усвојување на дневниот ред.