Посилен земјотрес пред неколку минути ја стресе Македонија. Тресењето можеше да се почувствува посебно на територијата на Скопје.
Засега нема информации за силината на земјотресот и каде е епицентарот на истиот.
Ова е посилен земјотрес после подолго време кое се почувствува во Македонија. Изминатиот период имаше неколку незначителни и послаби потреси, но ниту еден не се почувствува како вечерашниот.
Повеќе информации очекувајте наскоро. Засега на сајтот на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) не можат да се најдат податоци.