Силен дожд проследен со грмотевици попладнево зафати делови од Скопје. Во некои населби паѓаше и град. Невремето со силен ветар и обилен дожд донесе разладување, а засега нема пријавени штети.
Иако дождот се смири, се уште врне обилно.
Од утрово УХМР издадоа и актуелно предупредување во кое најавуваат дека од утре следува период на променливо облачно време, околу пладне и попладне на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град. Врнежи ќе има во текот на целата недела.