Една приватна градинка во Скопје минатата година за 1-ви Април приреди вистинска атракција на скопските улици кога група дечиња ги маскираше во далматинци и тие шетаа и лаеа како кученца.
Годинава, дечињата се маскирани во ежиња и повторно се преслатки.
– ВОНРЕДНА ВЕСТ!!! Стотици ежови ја нападнаа општина Карпош!!! #svetotnakolores #edensvetmnoguprikazni #1april, објавено е на официјалната ФБ страна на приватната градинка.
Волшебна подготовка, креација и реализација на градинките „Светот на Колорес“ кои и оваа година со своите дечиња успеаа да бидат најуникатна маска за 1-ви Април
Шетајќи низ „East Gate Mall“ ги затекнавме маскираните дечиња ежиња од градинката „Светот на колорес“ кои ни го разубавија денот.
Дечињата предизвикаа воодушевување и измамија насмевка на нашите лица, а несомнено и на лицата на сите минувачи.