Пред малку во близина на скопското село Батинци се случи сообраќајна несреќа во која загина едно лице, објави телевизија Алсат.

Станува збор за лице од 50 години. Како што дознаваме, несреќата се случила во близина на депонијата Дрисла во насока на Патишка Река.

Алсат обезбеди фотографии од трагичниот настан. Неофицијално, сообраќајката се случила поради тесниот и неосветлен пат.