Вечерва се случи тешка сообраќајна несреќа во Батинци.

Радио Лидер дојде до фотографии и видео од кои може да се види стравичната несреќа.

– Како што дознаваме во несреќата се загинати две лица, од кој едниот е познат скопски бизнисмен, објави Радио Лидер.

Претходно, телевизија Алсат објави дека во сообраќајната несреќа загинало едно лице.

– Станува збор за лице од 50 години. Како што дознаваме, несреќата се случила во близина на депонијата Дрисла во насока на Патишка Река. Неофицијално, сообраќајката се случила поради тесниот и неосветлен пат, објави Алсат.