Рано изутринава на патот Битола-Новаци, кај селото Логоварди, дојде до тешка сообраќајна несреќа.
До несреќата дошло кај самата раскрсница кај селото Логоварди, кога дошло до директен судир на две патнички возила, од кое едното е марка „голф“.
По судирот едното од возилата паднало во ендекот покрај патот.
Битолската полиција го обезбедува местото на несреќата и го пренасочува сообраќајот по околните улици на селото Логоварди.
Увидот е во тек, а допрва се очекуваат официјални информации.