Марко Арнаутовиќ ќе мора да го пропушти дуелот против Холандија закажан за утре откако УЕФА реши да го суспендира австрискиот голгетер за навредите што тој ги упати кон Езгијан Алиоски по постигнувањето на третиот гол на дуелот со Македонија.

Арнаутовиќ беше обвинет за национализам, Алиоски во текот на вчерашниот ден обелодени дека се сретнат со Австриецот веднаш по мечот и дека страстите се смирени, но УЕФА реши да не му прости на голгетер на Австрија.

„Во случајот во кој Марко Арнаутовиќ е обвинет за навреди упатени кон друг фудбалер, донесена е одлука Арнаутовиќ да биде суспендиран на еден натпревар“, објави европската куќа на фудбалот.