Еден од најдобрите фудбалери во историјата на тој спорт според стандардната процедура беше легитимиран пред да влезе на арената „Пушкаш“ за пресметката со Унгарија.

Мечот помеѓу Унгарија и Португалија на „Пушкаш“ арената се игра пред полни трибини, односно 68 илјади гледачи, а јавноста имаше прилика да види една доста интересна ситуација пред мечот.

Моментот кога првата ѕвезда на Португалија, Кристијано Роналдо беше легитимиран пред да влезе на стадионот за момент стана главна тема помеѓу љубителите на фудбалот на социјалните мрежи, а ѕвездата на Јувентус доста коректно и во манир на голем професионалец целосно ја следеше процедурата која ја налагаше обезбедувањето.