Земјотрес од 3,3 степени ноќва стресе во Скопје, според првичните информации од Европскиот медитерански сеизмолошки центар.

Краткиот, но силен потрес, се случи во 23.07 минути, а епицентарот е на македонско-косовската граница на длабочина од 2 километри.

Се очекува Скопската сеизмолошка опсерваторија да соопшти официјално со колкава јачина бил земјотресот.