Поради неодамнешната измена на Законот за странци, странските студенти во Словенија во иднина ќе треба да докажат дека имаат доволно средства за студирање, односно дека имаат речиси 5.000 евра на сметката, во спротивно нема да добијат дозвола за престој во Словенија.

Досега,на странските студенти во Словенија доволна им беше писмена изјава од нивните родители дека имаат доволно пари за да живеат и студираат, но по законските измени, странските студенти мора да докажат дека имаат средства за да се издржуваат и мора да го имаат барем основниот минимален приход во Словенија, кој изнесува 402 евра, што значи нешто повеќе од 4.800 евра годишно. Странските студенти во Словенија стравуваат дека ќе мора да ги напуштат студиите во таа земја.

Студентот Стефан Стојкоски Македонија, кој студира англиски и шпански на Филозофскиот факултет во Љубљана, за мариборскиот весник Вечер изјави дека неговата мотивација и самодоверба се во прашање.

– Како можам да се концентрирам на полагање на испитот ако не знам дали ќе можам да останам овде. Имам чувство дека оваа земја бара начин да не протера сите нас од Словенијам, рече Стојкоски.

Во моментов во Словенија студираат 8.125 странски студенти, што е десет проценти од сите студенти во таа земја, а повеќето од нив доаѓаат од земјите на поранешна Југославија. Студентските организации, како и лидерите на словенечките факултети и универзитети, со денови предупредуваат за штетните последици од примената на новите правила.

Ректорот на Универзитетот во Марибор, Здравко Качиќ, неодамна рече дека секој странски студент е дополнителна вредност за универзитетот и средината во која студира. Во отвореното писмо до словенечката министерка за образование, наука и спорт Симона Кустец, Сенатот на Филозофскиот факултет во Љубљана предупредува дека измените на Законот за странски студенти, кои се генерално одлични студенти, претставуваат неразумни бирократски пречки и и прашува зошто странските студенти кои на Словенија и носат интелектуален потенцијал, владините структури го доживуваат како закана за Словенија.