Хрватската полиција пред малку објави фотографија од Бранко Мамиќ, поранешен полицаец кој е поврзан со обидот за убиство во Трогир во кој маж беше повреден од огнено оружје.
„Во моментов имаме информации дека лицето користи лични возила и тоа автомобил БМВ X5, црна боја со регистарски број ST8124K и мотоцикл Piaggio FLY со регистарски број ST5691Z.
– Ги повикуваме граѓаните доколку имаат информации за лицето на фотографијата или знаат каде се наоѓа или ако ги виделе горенаведените возила да ја известат најблиската полициска станица или да се јават на 192. Исто така ги повикуваме граѓаните да не му приоѓаат на лицето доколку го видат , но веднаш да се јави во полиција.
Полицијата објави и фотографија од осомничениот. Станува збор за поранешен полицаец и домашен насилник кој од мотор застрелал маж во автомобил и побегнал со мотор.
Како што дознаваме, станува збор за пензионираниот полицаец Бранко Мамиќ (55), кој неодамна беше пуштен од истражниот затвор, каде што помина повеќе од еден месец откако беше приведен и затворен поради семејно насилство во јануари годинава.
Застрелан е Ј.М. (32). Полицијата трага по напаѓачот. Бегалецот е на мотор и е вооружен.