Бизарна несреќа со трагичен исход се случила во Њујорк.

Според „Њујорк пост“, неименуван 56-годишник од Калифорнија го однел својот автомобил до автоматска перална за автомобили.

Поради некоја причина и спротивно на сите правила, возачот излегол од автомобилот за време на миењето и се здобил со повреди бидејќи останал заробен меѓу машината за перење и автомобилот.

Алармот се вклучил, но несреќата била пријавена дури по половина час, кога во пералната влегол нов клиент.

Брзата помош се обидела да го реанимира возачот, но безуспешно.