Вознемирувачки настан неодамна се случил во едно село во Индија, кога хиена влегла во основно училиште. Во тоа време во училиштето се одвивала настава.

За среќа, наставник успеал да ја заклучи училницата во која биле учениците, а потоа му се спротивставил на ѕверот. Врисоците ги слушнале мештаните и побрзале да видат што се случува.

Во видеото кое е објавено на социјалните мрежи се гледа како мештаните трчаат на помош на учителот, удирајќи ја хиената со стапови за да ја избркаат.

Животното на крајот избегало во дивината.

Во нападот се повредени еден наставник и уште еден маж, а сериозноста на нивните повреди засега не е позната, објавија индиските медиуми.