Спасувачите во Ниш по неколку часа успеале да извлечат тело на млад човек со црвени патики од реката Нишава, јаува „Блиц.рс“.
Според српските медиуми, многубројни мештани се собрале на брегот на Нишава да ја гледаат оваа драма.
Засега не се знае за кого се работи, но се претпоставува дека се работи за помлад маж.
Според првите и неофицијални информации кои ги пренесува српски Курир, би можело да се работи за самоубиство, бидејќи на скалите што водат до реката наводно била пронајдена една јакна.
Како што се дознава, телото било во плитката Нишава повеќе од два часа и очигледно покрај него поминувале многу деца. Се очекува полицијата да го идентификува несреќниот млад човек.