Тешка сообраќајна несреќа на булеварот Климент Охридски наспроти Црвен Крст во Скопје се случи пред 15 минути во која човек беше прегазен на пешачки премин автомобил, објави порталот Македонски Медиа Сервис (ММС).

Лицето со тешки телесни повреди со возило на брзата помош итно е пренесен во болница.

Полицијата врши увид на местото на несреќата и сообраќајот е во застој.

ФОТО: Македонски Медиа Сервис (ММС)