Пред неколку часа на социјалните мрежи се појави видео од Куманово, каде троjца мажи спасуваат девојка.

Видеото го објави Фејсбук страната „Без цензура“, на албански јазик, па за веродостојноста на видеото се обративмe во СВР Куманово, од каде ни ја потврдија снимката и настанот, кој, како што информираат, се случил пред два дена и во кој е спречен обид за сам оуби ство, спасен млад живот.

-На 01.09.2021, полициски службеници од СВР Куманово спречија обид на лице да скокне од поранешната фабрика „Житомел“ во Куманово. По добиена пријава во 11.40 часот дека едно лице се обидува да скокне, полициски службеници излегле на местото и го спречиле лицето во намерата, по што било предадено на Итна медицинска помош, се вели во информацијата од СВР Куманово, пренесува порталот ММС.

Видеото го објави Фејсбук профилот „Без цензура“ на албански јазик.