Вработена во грчка болница во системот за вакцинација внесувала невакцинирани лица.

Станува збор за жена која работела во администрацијата на болницата која се наоѓала во близина на градот Кардица, а најверојатно целта и била да им направи услуга на оние кои не сакале да се вакцининираат, за да добијат сертификат за вакцинација.

До сега е познато дека работа им завршила на 47 луѓе кои никогаш не се појавиле во конкретниот центар за вакцинација.

По реакција на грчкиот министер за здравство дека спроведувањето на фиктивни вакцини е сериозен дисциплински прекрошок со криминални димензии што го загрозува јавното здравје, надлежите отворија истрага.