Кутра жена, стоеше на нозе кога напаѓачот и дојде од зад грб. Имаше капа на глава, нешто викаше и извади нож. Ужасно! Ја прободе неколку пати. Сѐ уште сум во шок!, изјавува девојка, сведок на настанот.
Жена е нападната во Лидл Маркет во Сплит, попладнево околу 15 часот, а починала како последица на повредите со нож кои и биле нанесени од страна на маж, кој, според хрватските медиуми, и бил партнер.
Медиумите објавуваат дека маж ја нападнал вработената во Лидл пред очите на купивачите.
– Ја уби со повеќе убоди притоа неконтролирано викајќи – велат очевидци.
Полиците и подот биле покриени со крв. Според зборовите на напаѓачот, кој викал по неа додека и нанесувал убоди со нож, се работи за нејзин поранешен партнер. На крвавиот напад му претходела кавга, а насилникот бил совладан од страна на обезбедувањето и неколку мажи кои го легнале на под.
Според непотврдени информации, напаѓачот се обидел да си нанесе убоди и на себе, по што брутално ја нападнал својата жртва.
– Кутра жена, стоеше на нозе кога напаѓачот и дојде од зад грб. Имаше капа на глава, нешто викаше и извади нож. Ужасно! Ја прободе неколку пати. Сѐ уште сум во шок!, изјавува девојка, сведок на настанот.