Глетка која предизвикува гнев може да се види на видеото кое го обиколи интернетот последните неколку часа и прикажува незамисливи моменти на тепање и училишно малтретирање во Ираклион, Крит.

Поточно, на видеото кое го прикажа Мега, се гледа како 15-годишно девојче удира 13-годишно момче додека двајца малолетници го снимаат инцидентот. Како тоа да не е доволно, дури се гледа како учениците ја охрабруваат 15-годишната девојка да продолжи.

15-годишната го стиска 13-годишното момче за вратот, а го удира и по главата. Другите двајца кои снимаатсе смеат на инцидентот, додека едниот бара девојката да продолжи.