Српскиот претседател Александар Вучиќ се вклучи во борбата за помош на Новак Ѓоковиќ, кого австралиските власти го приведоа на аеродромот во Мелбурн.

Тој бил одведен во екстрадициски притвор на повеќе од шест часа испрашување, во просторија без телефон и контакт со неговиот тим.

Телефонот на Новак потоа му бил вратен за да може да разговара, а еден од првите разговори што ги имал бил со претседателот Александар Вучиќ.

– Само што завршив телефонски разговор со Новак Ѓоковиќ. Му кажав на нашиот Новак дека цела Србија е со него, и дека нашите власти ги преземаат сите мерки за што пократок период да го запрат малтретирањето на најдобриот тенисер на светот. Во согласност со сите норми на меѓународното јавно право, Србија ќе се бори за Новак Ѓоковиќ, за правда и вистина. Инаку, Новак е силен, како што сите го знаеме – изјави Вучиќ, кој на својот Инстаграм профил објави и слика од Новак Ѓоковиќ.