Роксен Прајс, ескорт девојка која работи во бордел во Невада (САД), вели дека сè повеќе мажи ги користат нејзините услуги, а сето тоа затоа што се плашат да ги поканат девојките со кои работат на состанок.

Во блог пост на нејзината веб-страница, Роксен објасни дека мажите „се плашат од отфрлање“, но се плашат и од обвинувања за вознемирување доколку изразат симпатии за која било жена во нивниот живот.

Роксен, која беше прогласена за „Љубовница на годината“ во 2017 година, истакна дека многу клиенти сакаат таа да се однесува како да се во врска, односно не сакаат само еротска стимулација, туку вистинско „љубовно искуство“. Тоа значи дека ѝ плаќаат да се однесува со нив како да е нивна девојка.

„Клиентот може целосно да се отвори пред сексуалните работнички и да ги изрази своите длабоко вкоренети фрустрации, да ги открие своите најинтензивни желби и безбедно да ужива во своите фетиши“, вели Роксен.

Таа истакнува дека оваа комбинација на „емоционална сигурност“ и тоа што можат да бидат сигурни дека ескорт девојките нема да ги критикуваат, прави мажите да се „навлечат“ на тоа.

Роксен смета дека тоа е така затоа што мажите се плашат да ги признаат своите чувства пред жените, а нејзиниот став е дека сè почестите обвинувања за сексуално вознемирување придонесуваат и за свртување кон сексуалните работнички.

„Сексуалните афери меѓу колегите, кои беа многу вообичаени, сега се поретки поради наводите за сексуално насилство кои се многу чести од 2010 година. А дефиницијата за сексуално вознемирување е сè поширока и поширока, па мажите стануваат сè поплашливи кога станува збор за врски со колешки“, напиша таа.

Роксен истакна дека мажите на повисоки позиции во компаниите имаат посебен проблем, бидејќи еден погрешен потег може да им ја загрози кариерата. Затоа, вели тој, повеќе би сакале да посетат бордел и да платат услуги отколку да си ја ризикуваат кариерата.

„Од моето искуство, сè повеќе мажи бараат ‘љубовно искуство’ со ескорт девојките наместо да ризикуваат со своите колешки“, заклучи таа.