19-годишна ирска келнерка морала да биде хоспитализирана откако две години не сакала да испушта гасови пред нејзиното момче.

Имено, на девојката наводно ѝ пукнало слепото црево. Видеото во кое таа ги опишала деталите досега собра околу 2 милиони прегледи на TikTok.

„Ги кочам моите ветрови, но не мислев дека поради тоа ќе завршам во болница“, изјавила Кара Кларк за Кенеди њуз.

Таа рече дека сфатила дека нешто не е во ред кога почувствувала „екстремна болка“ во стомакот додека работела во кафулето минатиот вторник. Вознемирената тинејџерка контактирала со докторот, кој потоа ја упатил во болница.

„Имав толку многу болки што не можев да ги задржам солзите“, се пожалила Кларк. Куцав додека одев, целата стуткана.

Потоа решила да им ја каже вистината на лекарите за спречување на ветровите. „Во болницата, почнав да го обвинувам моето момче што секогаш ги задржував гасовите во негова близина“, призна Кларк.

Последователните прегледи откриле дека и пукнало слепото црево и дека ќе мора да оди на операција. Сè уште не е јасно како се случило ова, но оваа состојба може да се појави „кога делот од цревата што ги поврзува дебелото црево и слепото црево е блокиран или преполн со столица“, според Институтот Џон Хопкинс.

Доволно е да се каже дека нејзиниот 21-годишен дечко Кајл Дафи наводно умирал од смеење бидејќи борбата со ветровите се покажала толку страшна. „Искрено не знаеше што да каже“, рече збунетата девојка. „Тој рече: Боже, луѓето ќе мислат дека се плашиш од сè со мене“. Иако изгледа како глупава реакција на нечија болка, Кларк тврди дека хуморот ѝ помогнал да го преброди тоа ужасно искуство.

Треба да се каже и дека Кларк била изненадена што нејзиното видео толку многу одекна на TikTok.

Кларк одлучила дека никогаш повеќе нема да ги задржува ветровите: „На крајот на краиштата, отсега натаму само ќе треба да ги пуштам “.