Во босанскиот град Какањ денеска се случи трагедија. Според порталот „Аваз“, професорот по физичко образование Јасминко Хасагиќ е пронајден мртов.

Според Алдина Алиќ, портпаролка на босанското МВР, во месноста Какањ било пронајдено безживотното тело на Х.Ј. од Какањ со повреди кои најверојатно потекнуваат од огнено оружје.

– Спроведена е истрага која ја водеше дежурниот обвинител на обвинителството ЗДК. Со истражните дејствија е утврдено дека се работи за самоубиство, вели Алиќ.

На социјалните мрежи од него се збогуваат многу пријатели и познаници.

– Се уште не ми се верува дека ова му се случило на човек кој имаше срце за цел свет, но во кој не можела да се вклопи неправдата што му била направена. За мене ти беше и ќе останеш голем човек, пријател и некој кој го задолжи целиот овој град со својот животен труд во спортот и образованието. Како што и самиот кажа, пријателе, сите ќе одговараме за нашите постапки, ова е само една од пораките со кои пријателите се збогуваат со Хасагиќ.