Дека битолчанки можат да се токмат рамо до рамо и со најекстремните мажи битолчани е примерот на 19 годишната Елеонора Димковска која знае во костум за капење (купачи) да се опушти во познатите Диовските капејнци, каде водата е ладна на лето, а да не прајме муабет за во зима, пишува локалниот портал babambitola.mk.

– ДОЖИВУВАЊЕТО Е НЕОПИСЛИВО. НЕ МОЖИТЕ ДА ЗНАЕТЕ СЕ ДОДЕКА НЕ ПРОБАТЕ. СИТЕ МИ ВЕЛАТ ДЕКА СУМ ЛУДА ЗОШТО СЕ КАПАМ ВО ЗИМА.

ЛАДНАТА ВОДА МИ ГИ ОПУШТА МУСКУЛИТЕ, МИ ЈА ПОДОБРУВА ЦИРКУЛАЦИЈАТА, МЕНЕ ЛИЧНО ДОБРО МИ ГОДИ И НА РАСПОЛОЖЕНИЕТО. ЗАБАВНО МИ Е ДА СЕ КАПАМ ВО ЛАДНА ВОДА, ПОРАЗЛИЧНО Е ОД БИЛО КОЈА ДРУГА АКТИВНОСТ ВО ПРИРОДА. ЕДНОСТАВНО ДА СЕ ИЗРАЗАМ, БАШ МИ Е СУПЕР…, вели Елеонора за порталот.

📷

📷