Во „Ѕвездите на Гранд“ победи Славица Ангелова од Македонија, чив ментор беше Ѓорѓе Давид. Второпласиран беше Драган Ѓуриќ, натпреварувач на Цеца Ражнатовиќ, што не ја спречи пејачката меѓу првите да му честита на колегата, додавајќи дека е среќна што стекнала уште еден пријател.
– Драг мој, сакан „лудак“, ти честитам од се срце! Ако некој го заслужи тоа по толку години напор со своите кандидати, тогаш тоа си ти. Среќно со победата во „Ѕвезда Гранда“ и да си жив и здрав уште 100 години – порача Ражнатовиќ со фотографијата на рокерот што ја објави на Инстаграм, додавајќи:
– Драго ми е што стекнав уште еден прекрасен пријател во мојот живот. Твојата Цеки многу те сака. Уживај, душо, твоја е радоста. Знам дека е огромна.
Славица во интервјуто за медиумите веднаш по победата изјави дека не очекувала триумф, но кога новинарите се обиделе да и постават неколку приватни прашања, нејзиниот ментор Ѓорѓе Давид веднаш скокнал и го прекинал интервјуто и се обидел да објасни зошто нговата кандидатка приватните работи треба да ги задржи само за себе.
– Пресреќна сум. Не очекував да победам. Сите што мислат дека имаат талент нека се пријават – рече победничката на „Ѕвездите на Гранд“.