Љубовта помеѓу српскиот модел Алиса Миленковиќ и Берат, албански фудбалер кој игра за Аталанта, за јавноста познати како пар кој руши предрасуди, бариери и стереотипи, сега се развива во нова етапа.
Имено фудбалерот на Аталанта, Берат Ѓимишити и неговата девојка Алиса ќе станат родители.
Тие ја споделија оваа вест на Инстаграм од одморот на кој се сега. Ѓимишити ја заврши сезоната со Аталанта за да може да се опушти и да се одмори со својата љубов, која е во блажена состојба.
Тие во моментов крстарат на хрватското приморје.
Српската манекенка и моден дизајнер, Алиса Миленковиќ, гордо објави неколку фотографии на кои се гледа дека е во напредна бременост.
Врската меѓу српскиот модел и Берат Ѓимишити стана центар на внимание во 2015 година, пред гостувањето на репрезентацијата на Србија во Албанија, кога албанските медиуми со гордост објавија дека оваа секс-бомба ќе биде единствената Србинка која ќе ги поддржува „Црните орли“.
Алиса и Берат се запознале во Цирих, каде што живеела таа, додека фудбалерот, со потекло од Косово, играл за истоимениот клуб во Швајцарија.
Тие исто така ја совладаа и кризата во 2016 година, кога, според медиумите, Алиса го оставила фудбалерот, а тој страдаше и плачеше за неа.
Сепак, следуваше помирување, веридба, а сега и бременост, па за неколку месеци, оваа „забранета“ љубов, како што многумина ја нарекуваа, ќе ја добие својата круна во форма на нов живот.