Хрватскиот и босанско-херцеговски актер Јасмин Телаловиќ почина на 47-годишна возраст, јавуваат хрватските медиуми. Смртта настапила ненадејно, а неговите колеги се во шок. Неговата колешка Нина Виолиќ на Фејсбук се прости од актерот.
Јасмин Телаловиќ (роден во Зворник во 1977 година) бил театарски, телевизиски и филмски актер, долгогодишен член на ансамблот на Младинскиот театар од Загреб.
Роден 1977 година во Зворник, во академијата за драмски уметности влезе во 1997 година. Главните улоги ги играше во филмовите „Ту“ на Зринко Огреста и „Не прашувај како“ на Лукас Нола.
– Веста ја потврдија во театарот каде дознавме дека починал по кратко и тешко боледување. Зад себе ги остави сопругата и двете деца, син и ќерка, објави Јутарњи.хр.
Глумеше во сериите „Одмори се, заслужи“, „Битанги и принцези“, „Zimmer frei“ и „Нашата мала клиника“, серија која се емитуваше и во Македонија.
Од него на Твитер се прости неговата колешка, актерката Ксенија Маринковиќ.
„Збогум, Јасмин“, кратко рече таа.