Новинарката Тања Свилановиќ, попозната како Тања Рес, ненадејно почина во ноќта меѓу петокот и саботата на 40-годишна возраст. Според неофицијални информации, причина за смртта е срцев застој, пишуваат српските медиуми.
Покрај новинарството, Тања била и професорка, па предавала социологија во средно училиште во Белград. Во текот на својата професионална кариера работеше во редакциите на весниците Ало, Објектив и Информер.
Како новинарка во џет-сетот беше жири во „Задруговизија“ каде даваше оценки за натпреварувачите во ова реално шоу. Зад себе оставила малолетно дете.
Што е срцев застој?
Срцев застој е состојба која настанува одеднаш, без предупредувачки знаци, срцето престанува да чука, се прекинува пумпањето крв, крвоснабдувањето на мозокот, белите дробови и другите органи, за неколку секунди се губи свест, нема дишење и нема пулс. Тоа е ургентна, животно загрозувачка состоба и бара третман веднаш. Смрт настанува за неколку минути ако не се даде третман.
Постои електрична малфункција во срцето која предизвикува ирегуларно чукање на срцето (аритмија). Сé се случува брзо, се случува колапс, бесвесна состојба, нема пулс и нема дишење. Може, но и не мора да има градна болка. Може да се случи без да има било какви претходни знаци.