Ова е дел од неговото денешно обраќање, на конференцијата во Струмица „Суверенитетот и Европа“ што ја организираше француската Амбасада
Дали сме за воена агресија или за културен натпревар меѓу народите? За Путин или за Делчев? За агресија или за слободa? Имаме само еден избор и мораме да го направиме тој избор. Нема неутралност по овие прашања.

Ова вечерва на својот фејсбук профил го објави поранешниот премиер Зоран Заев.

Тоа е дел од неговото денешно обраќање, на конференцијата во Струмица „Суверенитетот и Европа“ што ја организираше француската Амбасада.

„Кој можеше да помисли дека во очи 9 Мај, годинава, натпреварот ќе биде кој победува во новиот судир. Европа или Путин? 9 Мај – 2022 година – Денес сите треба да се запрашаме. Чива победа е поголема? Онаа НАД фашизмот или онаа ЗА Европа? Или ќе дозволиме некој да триумфира против Европа? Дали сме за воена агресија или за културен натрпевар меѓу народите? За Путин или за Делчев? За агресија или за европски слободи? Имаме само еден избор и мораме да го направиме тој избор. Нема неутралност по овие прашања“, рече Заев во обраќањето.

Тој исто така упати и критики до ЕУ поради тоа што го толерира однесувањето на Бугарија која како што рече како земја членка блокира цел регион од крајно ирационални и националистички причини.