Кај 14 Израелци е дијагностициран ковид-19 и покрај тоа што примиле трета доза од вакцината против коронавирусот, покажуваат податоците на Министерството за здравство, пишува Тајмс оф Израел.

Двајца од заразените по добивањето на дозата за засилување се хоспитализирани.

Не беше веднаш јасно дали болните се заразиле со вирусот пред или по добивањето на третата доза. Ваквите спорадични случаи не би биле доволни за медицинските службеници да извлечат заклучоци за општата ефикасност на третата доза во борбата против делта варијантата на болеста.

Единаесет од 14 случаи се лица постари од 60 години, а останатите тројца се имунокомпромитирани лица под 60 години, а двајцата кои беа хоспитализирани беа над 60 години, јавуваат израелските медиуми.

Околу 420.000 Израелци досега добија т.н. „бустер“ доза, во акција што започна минатата недела.

Во меѓувреме, на состанокот во неделата, владините министри дебатираа за изгледите за заклучување на национално ниво за време на претстојниот период на празници, во услови на зголемени случаи на ковид-19, според информации објавени на медиуми на хебрејски јазик.

Според извештаите на некои од телевизиите, министерот за образование Јифат Шаша-Битон, кој ги нарекол плановите за вакцинирање на учениците во училиштата како „кривично дело“, за време на состанокот на кабинетот рекол дека опцијата за заклучување мора да се „отстрани од агендата“. Според неа , таквиот разговор води кон економска нестабилност и „луѓето се загрижени за … нивната егзистенција“, се вели во извештаите.

„Ги видовме графиконите – не е важно дали земјите воведоа заклучување или не, табелите за морбидитет изгледаат исти“, пишува Тајмс оф Израел.