По година и пол борба против коронавирусот, уморни, исцрпени и мачени медицинските работници конечно дочекаа да ги соблечат костимите, ракавиците, маските и визирите и да се одморат од болниците и здравствените центри. Меѓу нив беше и анестезиолог жена од Белград, кој одлучи летниот одмор да го помине на Тасос, каде по несреќата на море и помогна на повредена жена, и го спаси животот и уште еднаш докажа какви херои се медицинските работници.

Јавноста слушна за сериозна несреќа која и се случи на туристка од Бугарија на плажата Рај во вторникот, на 27 јули, преку социјалните мрежи и брзо стана познато дека и една Србинка учествувала во спасувачката операција и прва помош.

Српски „Блиц“ ја пронашол лекарката, која побарала да не се открие нејзиниот идентитет, сепак таа одлучила да раскаже за несреќата што се случила на море.

– Беше 27 јули, жена на околу 35 години беше со својот партнер на глисер и падна врз пропелерите на тој чамец. Доби четири сериозни исеченици на бутовите, кои достигнуваа до коските, а имаше и расекотина на левата аксила. Со врзување и стегнување на екстремитетите, го прекинавме крварењето, објаснува анестезиологот со 17 годишно искуство.

Таа додава дека до плажата Рај, и покрај тоа што е една од најголемите и најпознатите, може да се стигне по калдрмен пат, нема спасувачи или здравствени работници кои дежураат, има само едно кафуле и туристи околу неа.

Кога забележал што се случило со неговата партнерка, мажот ја извлекол и со глисер ја однел до брегот. Двајца момци ја извлекле од чамецот и ја ставиле на лежалка, кога им се придружила анестезиологот од Србија. Поради недостаток на соодветни инструменти и помагала за побрза помош, тие прво и дадле пешкир, но бидејќи тој не можеше да ја направи компресијата, таа проба пар шорцеви, и на крајот еден млад човек трчаше со прибор за прва помош од автомобил…

– Три пати ја загуби свеста додека ја чекавме брзата помош, која се појави само дури за час и 10 минути. Таа изгуби многу крв, менував еден завој по друг, тампонирав и постојано го проверував пулсот. Проблемот беше што таа изгуби многу крв во морето и додека стигна до брегот, немаше повеќе простор за повеќе загуби. Раката крвареше повеќе од бутовите и мислам дека ако изгубеше уште половина или литар крв немаше да ја спасат. Гледав како вените се повлекуваат, размислував каде и дали може да добие трансфузија, врли белграѓанката.

По еден час спасување, се појавила брзата помош, а анестезиологот им ја предала несреќната жена, во тешка состојба, но жива и свесна за тоа, што тешко дека ќе се случеше ако оваа Србинка не беше на плажа.

– На крајот, скромно ни рече дека тоа се повреди кои според нејзината професија ги гледа и се грижи секој ден, признава дека било предизвик да се направи тоа на затскриена плажа и се надева дека несреќната жена ќе закрепне што е можно поскоро и без поголеми последици.