Жаклина Беридо, е најубавата српска баба на Инстаграм, изгледа многу помладо иако е во педесеттите години, а нејзиниот изглед привлекува големо внимание.

Родена е во Белград, најголемиот дел од животот го живее во Италија, а за неа пишуваат и странските медиуми како британскиот „Дејли мејл“. Жаклина покрај ќерката која и ги даде внуците, имаше и син кој на 23-годишна возраст загина во сообраќајна несреќа во Белград. Во разговорот со италијанските медиуми таа откри како им се посветила на внуците и дека семејството е нејзината смисла во животот. На прашањето дали и пречи да ја нарекуваат баба, таа рече дека е горда, што го истакнува во своите објави.

„Јас сум мајка на Јана и го загубив второто дете, син ми Стефан, кој загина на 23 години во сообраќајна несреќа. Тој беше соборен од автомобил на пешачки премин во Белград во 2016 година. Беше многу болно, тешко, непремостливо. Сега им се посветив на моите внуки, чии слики ги тргнав од сите социјални мрежи, останаа само неколку на кои не им се гледаат лицата“, вели Жаклина.

Таа вели дека нејзиното семејство е нејзиниот живот и дека таа е баба на сите. Ги учела внуците да пливаат, да возат велосипед и секогаш им вели – ако нешто тргне наопаку, да и се јават на баба им. Жаклина никогаш не работела како модел, иако од нејзиниот Инстаграм би рекле дека е многу искусна во манекенството.

View this post on Instagram

A post shared by Zaklina Pisano (@realfashionist)

„Никогаш не сум бил модел, ниту се чувствувам како моден блогер. Работам како консултант на одредени меѓународни проекти кои имаат врска со инфраструктурата и туризмот“, рече Жаклина.

Модата и е забавна и ѝ дозволува да избега од секојдневието.

View this post on Instagram

A post shared by Zaklina Pisano (@realfashionist)

„Во модата треба да бидеш слободоумен, не смееш да паѓаш во строги калапи, исто како во животот. Денеска медиумите велат дека после 30-ти завршивте. Еве, јас му пркосам на тој стереотип и го докажувам со моите комбинации“, вели таа.

А тајната на својот младешки изглед реши да ја сподели со сите жени:

View this post on Instagram

A post shared by Zaklina Pisano (@realfashionist)

„Јадам многу овошје и пијам многу вода. Јадам по едно авокадо на ден, не пушам и не пијам. Јадам риба, морска храна, месо и зеленчук. Вежбам најмалку 45 минути дневно од мојата 10-та година. Потребно е редовно вежбање и здрава исхрана. А и душата си ја негувам“, открива Жаклина.

View this post on Instagram

A post shared by Zaklina Pisano (@realfashionist)

Оваа убава Србинка за своите години изјавила:

„Никогаш не се вклопувам во стереотипот за „убава жена“ и среќен сум поради тоа. Затоа што во секој период од животот сме убави на различен начин. На крајот на краиштата, човечкото тело е само складиште на душата“, заклучува таа.