Шокантна е снимката од сообраќајната несреќа со петмина загинати што се случи попладнево на обиколницата во Едеса кај Солун. Автомобилот бил забиен под камионот и се трансформирал во безоблична маса. Сликите се неверојатни. Предниот дел од возилото и патничкиот простор буквално се распарчиле.

Според информациите, несреќата се случила на 87-от километар од магистралниот пат Лерин-Солун, кога под се уште неразјаснети околности, возило директно се судрило со камион, при што животот го загубиле сите петмина патници во возилото.

Потребна била интервенција на противпожарната служба за да се извлечат патниците од автомобилот, додека возачот на камионот е повреден во болницата во Едеса, но детали за неговата состојба засега не се познати.

Од досегашните информации, се вели дека патниците во возилото се странци, бидејќи се уште не е завршено идентификацијата на нивните податоци, додека автомобилот во кој се наоѓале бил со регистарски таблички од Албанија.

Прелиминарната истрага за причините за несреќата ја спроведува Секторот за сообраќај во Едеса.