Заврши драмата во Нови Сад, каде познат српски јутјубер цел ден се закануваше дека ќе скокне од тераса и ќе си го одземе животот. Како што најново јавуваат српските медиуми, солзавец е фрлен во станот на јутјуберот, а екипа на Брза помош го извадила од зградата.
Според репортерот на „Блиц.рс“, јутјуберот Даниел Ѓукиќ, кој се закануваше дека ќе се самоубие од утрово во 9 часот, е изваден од зградата во која живеел отккао екипата на Брзата помош влегла и го однела.
– Ве сакам сите вас, Србите и сите малцинства и се чувствувам многу добро, извикал јутјуберот додека го однеле.
Според информациите од терен, пожарникарите влегле во корпата со возило со платформа кое од утрово е паркирано пред зградата.
Да потсетиме, целата драма околу заканата за самоубиство започна утринава нешто по девет часот, а преплашената мајка на момчето целиот случај го пријавила во полиција и оттогаш се водеа преговори.